Крива Паланка го освои женскиот Суперкуп на Македонија

Кошаркарките на Крива Паланка се радуваат на првиот трофеј од кошаркарскиот Суперкупот „Драган Василов – Цевка“, откако го совладаа Баскет Кам со 63-51.
ЖКК Баскет Кам во продолжението се обиде да се врати во натпреварот, но не успеа да најде решение за играта на противникот. Крива Паланка искусно ја одржуваше разликата и во последните две четвртини, па на крајот заслужено славеше со 63-51.
Прво име кај победничкиот состав беше Гордон со 23 поени, осум скокови и четири асистенции.
Кај ЖКК Баскет Кам, Адамовска запиша 21 поен и девет скокови.