Крива Паланка првпат шампион на Македонија во женска кошарка

Eкипата на Крива Паланка е шампион во Првата кошаркарска лига на Македонија во женска конкуренција.

Во финалната серија, екипата од истокот го совлада Бадел со 3-1, а клучниот поен го освои вечерва на теренот на противникот каде славеше со 75-73.

По голема борба и еден голем пресврт, Крива Паланка во последната четвртина дојде до триумфот со кој се запиша меѓу освојувачите на титула по осамостојувањето на Македонија.

Паланчанки водеа со 14 поени разлика на крајот од првата четвртина (30-16), а двоцифрена предност имаа до средината на третиот период. Тогаш Бадел направи голем пресврт и од 40-50, отиде на 53-52, на нешто повеќе од минута до крајот на мечот.

По неколку промени на водството, Крива Паланка на три минути пред крајот поведе со 71-62 и со тоа конечно го скрши отпорот на Бадел.

Аби Ниехуес беше најзаслужна за победата со постигна 22 поена и 17 скоак за што заслужено го доби МВП признанието на финалната серија. Фриман со 28 поени беше најефикасна во тимот на Бадел.