Кристал Палас го враќа Ван Бисака од Манчестер Јунајтед
Спортскиот портал Атлетик пренесува дека клубот Кристал Палас е сериозно заинтересиран за враќање на десниот бек Арон Ван Бисака од Манчестер Јунајтед.
Дефанзивецот кој е поранешен играч на Кристал Палас, беше доведен во Манчестер Јунајтед од поранешниот тренер Оле Гунар Солксјер за цена од 50 милиони фунти, но во последнава сезона играчот го загуби местото на првотимец.
Според информациите новиот тренер Тен Хаг нема намера да го спречува играчот доколку сака да ја промени средината. Од Кристал Палас се надеваат дека ќе успеат да го доведат Ван Бисака на позајмица со опција за откуп на договорот.