Кристал Палас го освои „Олд Трафорд“, Тотенхем слави во Брантфорд

Во Премиер лигата, во терминот од 15 часот се одиграа два натпревари. Победија гостите со идентични 0-2.

Манчестер јунајтед ја прекина серијата од три победи (две во Лига Европа и една во Премиер лигата) на домашен терен против Кристал Палас. „Црвените ѓаволи“ го забележаа 11.пораз во Премиер лигата.

Победата на Кристал Палас му ја обезбеди Матета со головите во 64. и 89.минута.

Тотенхем во малото градскот дерби победи кај Брентфорд. Ова е прва победа за Тотенхем во Премиер лигата од почетокот на годината.

Авто гол си постигна Јанелт во првиот дел, а точка на мечот стави Сар во 87. минута.