Кристал Палас му врачи отказ на менаџерот Пјер Саж

Кристал Палас го отпушти менаџерот Пјер Саж по само пет месеци, по катастрофалниот почеток на сезоната. Палас е на дното во Премиер лигата.

Последната капка што ја прелеа чашата беше поразот од Ливерпул (3:1). Тоа беше чегврти последователен неуспех на Палас во првенството.

Во првите десет натпревари, лондонскиот клуб оствари само две победи, а со 24 примени гола, има најлоша одбрана во лигата.

Ситуацијата не е многу подобра ниту во Лигата на Европа. Палас е на 21-то место на табелата со само една победа од четири одиграни натпревари.

Саж со тоа стана вториот тренер отпуштен во Премиер лигата оваа сезона, по Мајкл Карик, кој беше отпуштен од Манчестер Јунајтед само неколку часа претходно.

Раководството на клубот, исто така, го потврди заминувањето на тројца членови на тренерскиот штаб – Јамал ​​Аљуи, Дамиен Дела Санто и Санди Гичард.

Палас ќе го игра својот следен натпревар во Премиер лигата на 21 ноември против Ковентри, а сè укажува дека тимот би можел да го води нов тренер.

Како што објавија англиските медиуми, Томас Франк, поранешниот тренер на Брентфорд и Тотенхем, веќе е во напредни преговори со клубот и е главен кандидат за нов менаџер.