Кристанте доби нов договор на „Олимпико“

Рома го продолжи договорот со својот играч за врска Брајан Кристанте . Ова го соопшти прес-службата на римскиот клуб.
„Многу сме задоволни што можеме да објавиме продолжување на договорот со Кристанте. Овој играч е се подобар од година во година и целосно го заслужува сето она што го постигна, вклучувајќи ги и трофеите што ги освои со Италија и Рома. Брајан отсекогаш ги ставал интересите на Рома над сè друго и покажува многу од клучните вредности што сакаме да им ги пренесеме на нашите млади играчи, како што се професионализмот и храброста“.
Според изворот, новиот договор со 28-годишниот играч за врска ќе биде со важност до 2027 година. Во сезоната 2022/2023, Кристанте одигра 53 натпревари за Рома во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол и една асистенција. Претходниот договор на играчот од средниот ред со римскиот клуб беше до крајот на јуни оваа година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт, е 20 милиони евра.