Кристенсен сака да остане на „Стемфорд бриџ“
Дефанзивецот на Челзи, Андреас Кристенсен, изјави дека сака да го продолжи договорот со клубот. Тој не ја започна сезоната како стартер, но во последно време добива се повеќе шанси и настапува на одлично ниво.
„Сè уште не разговаравме за продолжување на договорот со Челзи, но јас би сакал да останам во клубот што е можно подолго. Ова е втор дом за мене. Данска секогаш ќе биде дом за мене, но јас се чувствувам многу добро во Челзи”, рече Андреас Кристенсен.
Данскиот репрезентативец се приклучи на Челзи во летото 2012 година. Во сезоната 2020/21, 25-годишникот одигра 23 натпревари. Неговиот сегашен договор важи до крајот на јуни 2022 година.