Кристенсен ќе ги скокне мечевите на Данска против Швајцарија и Фарски Острови

Фудбалерот на Барселона, Андрес Кристенсен ќе ги пропушти претстојните натпревари на данската репрезентација.

Дефанзивецот на Барселона веќе го напушти таборот на својата репрезентација и нема да му биде на располагање на својот селектор за пријателските натпревари против Швајцарија и Фарски Острови. Фудбалската федерација на Данска потврди дека Кристенсен претрпел „благ удар“ и бил заменет во тимот со Јакоб Расмусен од Брондби.

Сепак, се очекува Кристенсен да биде подготвен за настап на следниот натпревар на Барселона на крајот на месецот.