Кристијано Роналдо доби специјална награда од ФИФА како рекордер во голови за својата репрезентација
Ѕвездата на светскиот и португалскиот фудбал, Кристијано Роналдо доби специјална награда на манифестацијата The BEST која е организирана од ФИФА, за неговиот рекорд во постигнати голови за репрезентацијата на Португалија.
36-годишниот напаѓач на Манчестер јунајтед досега за својата репрезентација има постигнато 111 гола со што го собори досегашниот рекорд на Али Даеи кој за селекцијата на Иран во својата кариера има дадено 109 голови.
„Ви благодарам за наградата, и сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи во текот на овие 20 години. Никогаш не мислев дека ќе го подобрам овој рекорд. Специјалната награда на ФИФА е голема чест. Да се биде голгетер број еден во историјата на репрезентативниот фудбал е нешто неверојатно“, изјави Роналдо.