Кристијано Роналдо нема да игра против Тотенхем
Медиумите од Англија пренесуваат дека Кристијано Роналдо освен што не настапи на дерби натпреварот против Манчестер Сити, најверојатно нема да биде во тимот на Манчестер Јунајтед и на премиерлигашкиот дуел со Тотенхем.
Извори блиски до 37-годишниот Португалец информираат дека тој последниве два месеци играл со големи болки поради проблемите со колкот која беше и причина за неговото неиграње на мечот против Манчестер Сити.
Роналдо мораше да мирува неколку дена, по што во вторникот повторно им се врати на тренинзите со тимот,но со намален интензитет. Поради ова, тој најверојатно ќе го пропушти натпреварот од Премиер лигата со Тотенхем кој се игра во сабота.
Кристијано Роналдо сезонава одигра 31 натпревар за Јунајтед во сите натпреварувања и постигна 15 гола и три асистенции.