Кристијано Роналдо обвинет за непристојно и агресивно однесување
Англиската фудбалска федерација го обвини играчот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, за непристојно и агресивно однесување после натпреварот од Премиер лигата против Евертон одигран на 9.април минатата сезона.
По завршувањето на натпреварот Португалецот на еден од навивачите на Евертон му го скрши телефонот замавнувајќи кон него со раката. Подоцна се дозна дека се работи за 14-годишно момче со аутизам.
Роналдо подоцна се извини за инцидентот, меѓутоа фудбалска федерација на Англија дури сега одлучи да отвори официјална истрага околу случајот и да покрене обвинение против фудбалерот.