Кристијан Пулишиќ заминува од Челзи?
Англиските медиуми ја пренесуваат информацијата дека постои можност Кристијан Пулишиќ да го напушти неговиот сегашен клуб Челзи.
23-годишниот Американец, пристигна во тимот од Лондон во 2019 како огромно засилување од Борусија Дортмунд. Меѓутоа од неговото доаѓање па до сега тој со своите игри не успеа да се наметне како кандидат за првата екипа. Тренерот на Челзи, Томас Тухел има голем број на играчи кои настапуваат на истата позиција со Пулишиќ, кои добиваат поголема минутажа на теренот од него. Поради оваа причина, играчот има план да прејде во клуб каде би бил стандарден играч со редовни настапи.
Наводен интерес за купување на Кристијан Пулишиќ покажуваат тимови од Бундеслигата како и италијанските великани Милан и Интер.