Критикуваниот Алегри надмина 1.000 бодови во Серија А

Јувентус се намачи и потешко од очекувањата дојде до победа против
Фросиноне, а оваа победа имаше посебно значење за тренерот
Масимилијано Алегри.
Јувентус победи со голот на Ругани во 95. минута, а со тие три бода
Алегри стигна до вкупно 1.002 во кариерата.
Алегри е првиот тренер кој ја пробива границата од освоени 1.000
бодови со клубовите во кои работел.