Крос најави репрезентативна пензија

Играчот за врска Тони Крос наскоро ќе го објави заминувањето од репрезентацијата на Германија, објави „Билд“. 31-годишниот играч од сега сака да се концентрира на своите настапи во неговиот клуб Реал Мадрид.

Вчера, Германија беше елиминирана во четвртфиналето на Евро 2020, откако загуби со 2-0 од Англија во Лондон.

Крос ќе има скоро еден месец одмор пред да се подготви за новата сезона со Реал Мадрид. Искусниот играч за врска веќе изјави дека нема желба да игра фудбал до доцна во животот и планира релативно рано да ја заврши професионалната кариера.

Крос има 106 натпревари и 17 погодоци за Германија, а во 2014 година стана светски шампион со Германија. На клупско ниво играше и за Баерн Минхен и Баер Леверкузен.