КС ГРУПАЦИЈАТА ВО ПАРТНЕРСТВО СО ЛОКАЛНИ ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ ЗА ПОДДРШКА НА МЛАДИТЕ И ОБРАЗОВАНИЕТО

На 24  Ноември  во елегантниот амбиент на ресторанот Голд Фелициа во Битола, директорите на КС Групација, претставници на Евротип, Голд Слот Клуб, Голд Фелициа, КС Сервис, Агроброд, Премиум Сејфти Солушн и 77битс  во соработка со локалните образовни институции ги  потпишаа договорите за стипендирање и практиканство со учениците од средното училиште СОЕУ „Јане Сандански“ , како и студенти од Факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии  од  Битола и Меѓународниот Славјанскиот Универзитет.

Овие партнерства со локалните образовни институции означуваат моќна соработка помеѓу бизнис секторот и идните лидери на Битола. Договорите вклучуваат стипендии кои обезбедуваат финансиска помош за студентите, додека програмите за практиканство се дизајнирани да обезбедат искуство и менторство од реалниот свет Овие иницијативи колективно поттикнуваат средина на академска извонредност и личен раст.

Покрај формалните договори, настанот беше исполнет со забава и  ентузијазмот на сите вклучени во негувањето на соништата и аспирациите на младите.

Идните стипендисти на КС Групацијата се: Петар Митревски студент во прва година на факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии, Валентин Стојановски студент во втора година на факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии, Марко Зајковученик во прва година во средното економско училиште СОЕУ „Јане Сандански“, Анастасија Велевска од Факултетот за Економија- смер финасии и банакрство од Меѓународниот Славјанскиот Универзитет и Ана Марија Крстевска од Факултетот за Економија -смер менаџмент и претприемништво од Меѓународниот Славјанскиот Универзитет.

На свеченото доделување свое обраќање имаа продеканот на Факултетот за Информатички и Комуникациски Технологии Проф. Др. Божидар Миленковски, в.д директорката на Средното Oпштинско Eкономско Училиште „Јане Сандански“ – Билјана Јанкуловска, Игор Михајловски раководител на одделение на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола и Марина Милошевска комерцијален директор на КС Групацијата.

Потпишувањето на овие договори за стипендии е значајна пресвртница во напорите на КС Групацијата за промовирање на општествената одговорност и го отвора патот за повеќе иницијативи кои ги поддржуваат младите и образованието во Битола. Тоа е извонреден пример за тоа како корпоративниот сектор и образовните институции можат да ги здружат силите за да имаат позитивно влијание врз животите на следната генерација.

https://klubsport77.mk/stipendii/