Кузмановски дебитираше со пораз и еден гол во Бундеслигата

Викендов во германската ракометна Бундеслига се одигра натпреварот помеѓу Фуксе Берлин и Вецлар, а на крајот победата им припадна на домаќините со резултат 26-23. На овој натпревар во редовите на Вецлар каде што тренер е Филип Миркуловски дебитираше македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски кој средбата ја заврши со еден постигнат гол. Кузмановски единствениот гол на натпреварот го постигна во 52-минута.

Србинот Николиќ беше најефикасен кај Вецлар со пет гола, додека во победничкиот табор Црногорецот Вујовиќ беше стрелец на седум гола.

На табелата Фуксе Берлин е лидер по 19 одиграни натпревари со 33 освоени бодови, Вецлар е во долниот дел на 16-тата поизиција (од 18 тимови) со само девет бодови и четири победи.