Кузмановски повторно во тимот на колото на ракометната Бундеслига

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, игра во одлична форма за својот тим Хановер, па така тој по втор пат се најде во идеалниот тим на колото во германската Бундеслига.

Кузмановски, своето место во идеалниот тим и местото најдобар среден бек го заслужи со извонредната партија во победата на гостински терен против Мелсунген. Нашиот репрезентативец постигна шест гола и запиша неколку одлични асистенции.