Кулушевски критичен кон Алегри и периодот минат во Јуве
Крилниот фудбалер на Тотенхем, Дејан Кулушевски, се наврати на
годините поминати во Јувентус. Тој во првата сезона одигра одлично
но, по доаѓањето на Макс Алегри, работите неочекувано драстично се
променија.
„Едвај започнав натпревар во шест месеци. Се чувствував ужасно
дури и безвредно. Некои ми рекоа дека не сум доволно добар.
Знам дека луѓето мислат дека не успеав во Јувентус. Вистина е дека
последните шест месеци беа тешки“, изјави шведскиот
интернационалец кој прво играше како позајмен во Тотенхем за потоа да стави потпис на перманентен договор.