Кулушевски: Македонија има голема важност за мене

Дејан Кулушевски кој во моментот настапува за премиерлигашот Тотенхем, неодамна доби лоши критики од македонската јавност бидејќи играчот во интервју за Спортклуб, одби да даде изјава на македонски јазик, туку се одлучи да зборува на англиски.

Меѓутоа, Кулушевски во интервју за англискиот весник „Гардијан“, даде до знаење дека Македонија за него е од голема важност. Неговиот татко е роден во Шведска но има македонско потекло, додека неговата мајка е родена Македонка која како повозрасна се преселила во Шведска.

„За мене и за моето семејство, Македонија е многу важна. Како што вели мојата мајка, никогаш нема да заборавиме од каде доаѓаме. Одам таму секое лето и уживам. Секогаш изјавував дека ако би можел би играл и за Шведска и за Македонија. Но морав да направам избор и се одлучив за Шведска, бидејќи сум роден таму“, изјави Кулушевски.