Куманово тест за шампионот, Пелистер гостува во Гостивар
Овој викенд на ред е и четврттиот круг од натпреварите во Првата „Мтел“ лига. А со себе носи неколку, доста интересни, натпревари.
Почетокот е во сабота од 17:30 асот, во СЦ „Јане Сандански“, каде актуелниот шампион, МЗТ Скопје го пречекува новиот член на елитата, МКК Куманово. Во не баш идеален момент доаѓа овој натпревар за „металците“ ако се земе в предвид дека пред некоја вечер, на истото место, пред своите навивачи, доживеаја пораз од Хелиос во рамките на АБА 2 лигата.
Тој, како и мментот кој вели дека овој меч ќе се игра без присуство на публика), би требало да бидат „адутите“ за четата која од клупата ја предводи Марин Докузовски. Екипа која евидентно, има квалитет, но која треба да „се собере“, да „се намести“ и да функционира уште подобро во однос на првите три кола од првенството.
Саботната програма предвидува уште три натпревари, сите се играат во ист термин, 18:00 часот.
Во СРЦ „Кале“ ќе се сретнат екипите кои се без победа во првите натпреварувачки рунди, и извесно е дека една од нив, Шкупи или Вардар, ќе го запише првиот успех во новата сезона.
Максималниот ефект во претходните три натпревари Пелистер ќе се обиде да го задржи на гостувањето во салата „Младост“ во Гостивар, каде никогаш не е е лесно да се направи тоа, односно, да се победи.