Куманово ќе биде домаќин на Купот и Суперкупот на Македонија во кошарка

Куманово ќе биде домаќин на Суперкупот на Македонија во машка и женска сениорска конкуренција, кој е предвидено да се одржи на 26 или 27 септември годинава, а градот ќе ги организира и завршните натпревари од Купот на Македонија во 2027 и 2028 година
Ова е договорено со Меморандумот за соработка кој денеска го потпишаа Општина Куманово и Кошаркарската федерација на Македонија.
Договорот е потпишан помеѓу првиот човек на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателот на КФМ Томе Главчев