Куманово 2009 и ТФТ поднесоа барање за настап во европски натпреварувања
Како што беше и претходно најавено, по завршувањето на минатата сезона, екипите на Куманово 209 и на ТФТ ја пополнија пријавата за настап во ФИБА Еврокупот за сезоната 2021/2022.
„Официјално испративме пријава со која го запазивме рокот за регистрација во ФИБА Еврокупот во домашната федерација. Со ова почнуваат да течат седумте дена (до 16 јули) во кои треба да биде потврдена нашата регистрација и уплатата на депозитот за натпреварување во висина од 10 илјади евра. Како раководство правиме сè што е во наша можност да го испочитуваме тоа и официјално да бидеме учесник во годинашното натпреварување на ФИБА Еврокупот. Конечната одлука во врска со ова се очекува да биде донесена во текот на идната недела“ – првиот човек на ТФТ, Боро Смилковски.
Клубот од Тафталиџе е втор македонски прволигаш кој изрази желба да учествува во ФИБА Еврокупот. Во исто време тоа го направи и раководството на Куманово.
Екипа која веќе има искуство во ова натпреварување во кое настапуваше во сезоната сезоната 2015/16.
„Одлучивме да направиме еден чекор напред. По пријавата за настап во Балканската лига, ќе пробаме да одиме напред и во европски рамки. Се пријавивме, со надеж дека новиот наш тим за наредната сезона, ќе се стекне со уште поголемо искуство со играње на натпревари надвор од нашата земја“ – потврдува тимскиот менаџер на кумановските „сино-бели“, Александар Крстевски.