Куман: Не размислувам дека немаме шанси за подвиг во Париз

Тренерот на Барса, Роналд Куман не се откажува од можниот пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Овие две екипи знаат да предизвикаат драма во елитното натпреварување, а предводникот на Каталонците смета дека неговиот тим има потенцијал да го неутрализира поразот на „Камп Ноу“. „Најважно е да се рехабилитираме по тешкиот натпревар. Не сакам да размислувам дека не е изводливо да направиме пресврт во Париз. Одиме таму и ќе се бориме до последната минута за да се пласираме во следната рунда“, изјавил Куман. Реваншот е закажан за 10 март, а ПСЖ на првата средба победи со 1- 4.