Куман останува селектор на Холандија до 2026 година
Селекторот на Холанија, Роналд Куман изјави дека се гледа себеси како селектор на „лалињата“ уште неколку години. Претходно по разочарувачкиот пораз од Австрија тој самиот отвори простор за заминување од кормилото по ова ЕП.
„Сега за сега, како што изгледа ќе продолжам да бидам селектор. Мислам дека не можат повеќе да се ослободат од мене“, изјавил Куман, напоменувајќи дека планира да ја води Холандија и на Светското првенство во 2026 година.
Медиумите нагласуваат и дека на Куман му одговара селекторската работа во која нема толку многу обврски како во клупскиот фудбал, пред се поради здравствената состојба на неговата сопруга Бартина, на која и е дијагностициран рак на дојка.