Куман по дебаклот од Селта го коментираше својот статус во клубот

Со домашниот пораз од 1:2 од Селта, Барселона се опрости од борбата за титулата. Каталонците со голот на Меси поведоа во 28. минта, но нивните надежи за освојување на шампионската титула ги „минираше“ Санти Мина. Израмнувачкиот погодок го постигна во 38. минута, а победничкиот во 89. На крајот се покажа дека ниту победа не би ја задржала Барселона во трката со Атлетико и Реал воочи последното коло.
По натпреварот, тренерот Роналд Куман проговори за разочарувачката сезона за Барса и ја коментираше можноста за евентуалното негово заминување, но и на Меси.
„Мојата иднина во клубот? Тоа не е прашање за мене.“ – кратко одговори Куман, а потоа за Меси рече:
„Се надевам дека ова не е последниот негов натпревар за клубот. На овој натпревар покажа ефективност, но не може се сам. Како би победувале, мораат и другите да постигнуваат погодоци.“
Воочи последното коло, Атлетико има меч-топка. За Реал да ја освои титулата, во последното коло треба да го победи Виљареал и да се надева дека Атлетико нема да слави на гостувањето кај Ваљдолид, каде домаќинот ќе се обиде да избори опстанок во Ла Лига.