Куман се враќа како селектор на Холандија
Фудбалскиот сојуз на Холандија соопшти дека од 2023. година, 59-годишниот Роналд Куман ќе биде селектор на репрезентацијата и ќе го замени Ван Гал, кој поради болест нема да биде во можност да ја извршува функцијата.
Куман потпиша договор на три години, па така се очекува тој да ги води популарните „Лалиња“ до 2026. година. Ова ќе биде негов втор мандат на оваа позиција. Претходно успешно ја водеше Холандија од 2018. до 2020.година.
„Со нетрпение очекувам да воспоставам нова соработка. Пред една и пол година не ја напуштив репрезентацијата поради незадоволство. Уживав во минатиот мандат и мислам дека резултатите беа добри“, изјави Роналд Куман.
На Светското првенство во Катар, репрезентацијата ќе биде водена од Ван Гал. Холандија се наоѓа групата А, со селекциите на Катар, Еквадор и Сенегал.