Куман ќе добие отказ, Барса подготвува терен за нов тренер
Во Барселона одлучиле да го отпуштат тренерот Роналд Куман на крајот на сезоната, објавија медиумите во Каталонија. Според истите извори, оваа одлука е донесена по поразот на тимот во мечот од 37. коло на шпанскиот шампионат со Селта (1-2). Со поразот на оваа срдба, Барселона ги загуби шансите за шампионската титула. Тимот е на третото место на табелата со 76 поени. Исто така објавено е дека Куман има шанса да ја задржи функцијата главен тренер само доколку раководството на Барселона не може да најде достојна замена за него. Претходно беше објавено дека Барселона разгледува тројца кандидати во случај на разделба со Куман. Во потесниот избор влегуваат тренерот на Барселона Б, Чави Гарсија Пимиента , поранешниот играч на клубот кој е на чело на катарскиот Ал-Сад, Чави и холандскиот тренер во Ајакс, Ерик Тен Хаг.