Кун Агуеро се сели во Лондон, Челзи фаворит за потпис на Аргентинецот

Челзи е фаворит за потписот со напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, според последните информации на медиумите во Англија.
„Граѓаните“ веќе објавија дека ветеранот ќе го напушти „Етихад“ на лето и веднаш се формираше список на клубови заинтересирани за потписот на Аргентинецот. Во оваа фаза, сепак од „Стемфорд Бриџ“ се чекор пред своите конкуренти.
32-годишникот сака да остане во Англија. Освен Челзи, за него се заинтересирани уште два клуба од Премиер лигата – Тотенхем и Лидс Јунајтед. Меѓутоа, од овие три клуба, Агуеро повеќе би сакал да оди кај „сините“. Покрај тоа, Томас Тухел не крие дека би бил среќен да работи со Агуеро и ќе стори се што е во негова моќ да го донесе во неговиот тим.