Куртинаитис заработи отказ, Химки ќе добие нов тренер

Рускиот Химки конечно реши да му врачи отказ на тренерот Римас Куртинаитис по катастрофалните игри и резултати на овој тим од стартот на сезонава. Химки прикажува очајни изданија во Евролигата, каде овој клуб има дури 12 порази во низа и се наоѓа закован на дното на табелата.
Чашата со незадоволство беше прелиена со вчерашниот убедлив пораз од 99-60 на гостувањето против Анадолу Ефес, по што беше донесена одлука за разделба од литванскиот стратег, кој од 2019 година седеше на клупата на овој тим. За привремен тренер е именуван Андреј Малцев, а се очекува Химки во следните десетина дена да го официјализира доаѓањето на нов врвен стратег на местото на Куртинаитис.
Химки во следното коло на 21 јануари ќе му гостува на Панатинаикос.