Куртоа: Работата не е завршена, но очекувам во Мадрид пак да победиме

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа предупреди дека победата од 3-1 на теренот на Челзи не значи автоматски и пласман во полуфиналето во Лигата на фудбалските шампиони.

„Започнавме добро против екипа која игра многу интензивно. Создававме ситуации, погодивме греда а потоа промашивме уште две шанси. Не треба да мислиме дека работата е завршена. Се надевам дека со поддршка од навивачите уште еднаш ќе победиме“, изјави Куртоа по вчерашната победа во Лондон.