Кутињо во Манчестер Јунајтед, Кавани на „Камп Ноу“

Барселона дефинитивно сака да доведе напаѓачот на Манчестер Ј. Едисон Кавани уште во јануари.

Кавани сигурно ќе си замине од Јунајтед на крајот на сезоната, па Барселона сака да го искористи тоа за во јануари да го засили нападот. Според весникот „Сан“ Барселона ќе му предложи на Манчестер Јунајтед да направат размена на фудбалери, па за Кавани би го испратила Кутињо на „Олд Трафорд“.