Кутињо за 50 милиони евра се сели во Милан
Милан игра одлично оваа сезона и се очекува после неколку години конечно да се врати во Лигата на шампиони. Раководството на „росонерите“ сака на лето да донесе нова ѕвезда во тимот, а прв на листата желби е Филипе Кутињо од Барселона.
Бразилецот оваа сезона се врати на „Камп Ноу“ и добро ја отвори сезоната, но заработи тешка повреда и ќе биде надвор од терените до април. Каталонците сакаат да го продадат на лето, а Милан е еден од најзаинтересираните клубови за неговиот потпис. Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ веќе стапиле во конаткт со неговиот агент и се спремни да понудат 50 милиони евра за неговиот потпис.