Кутињо и Зуле први засилувања на новиот Њукасл
Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија и официјално го презеде Њукасл и е спремен да вложи голема сума во тимот.
Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок, а така нема да го загрози финансискиот фер-плеј (ФФП). Прва мета е Филипе Кутињо, кој е на излезна врата од Барселона, па Њукасл ќе се обиде да го донесе уште во јануари. Трансферот би можел да се реализира за 20 милиони фунти, а Кутињо ќе ја добие истата плата која ја заработува на „Камп Ноу“.
Другата трансферна цел во зимскиот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Баерн Минхен, Николас Зуле. Договорот на Зуле истекува на крајот на сезоната, а Баерн е спремен да го продаде во јануари.