Кутињо не е во плановите на Чави и заминува во Њукасл
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Филипе Кутињо може да биде едно од новите засилувања на Њукасл Јунајтед, пренесуваат дел од англиските медиуми.
29-годишниот Бразилец во 2018 година премина од Ливерпул во редовите на Барселона но не се снајде најдобро и го загуби статусот на првотимец. Според информациите од каталонскиот клуб, Кутињо не се очекува да биде дел од плановите ниту на извесниот нов тренер на тимот, Чави Ернандез.
Англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајтед сака да го искористи овој факт и е спремен да испрати понуда за доведување на Кутињо во своите редови. Планот на новото раководство на клубот е понудата првично да се однесува за позајмување на играчот но со опција за трајно откупување на крајот од сезоната.