Кутињо се враќа во редовите на Ливерпул?

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул будно ја следи ситуацијата со статусот на Филипе Кутињо во Барселона и дека веќе оствариле првични разговори околу негово враќање на „Енфилд“.

29-годишниот Бразилец, претходно мина скоро пет сезони во дресот на Ливерпул пред да замине во Барселона за рекорден трансфер од 142 милиони фунти. По неговото пристигнување во каталонскиот гигант, тој со своите игри не успеа да се наметне како вистински избор за првиот тим и не доби шанса за поправка на впечатокот.

Од Барселона имаа сериозни намери да се ослободат од Кутињо со што ќе ги намалат трошоците кои ги издвојуваат за неговата висока плата.

Освен од Ливерпул, интерес за играчот покажуваат и екипите на Њукасл и Тотенхем.