Куња заминува од Вулверхемптон во јуни

Ѕвездата на Вулверхемптон, Матеус Куња, најави дека ќе го напушти клубот на лето. Бразилецот призна дека имал можност за тоа уште во јануари, но не го направил овој чекор за да му помогне на својот тим во борбата за опстанок во Премиер лигата.
Моментално „волците“ се веднаш над зоната за испаѓање со освоени 26 бода.
„Имав многу понуди во јануари, но немаше да се чувствувам добро да си заминам. Некои работи се надвор од твоја контрола, но немаше шанси да го напуштам клубот на средината на сезоната, во тешка ситуација во зоната за испаѓање. Сега кога сме блиску до остварување на нашата цел, јасно ми е дека треба да го направам следниот чекор во кариерата“ изјави Куња.
Интерес за услугите на Бразилецот имаше и од лидерите во Премиер лигата, Ливерпул и Арсенал.