Лавовски победен унгарскиот џин: Еурофарм Пелистер го сруши ПИК Сегед

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер извојува огромна победа во Лигата на шампионите. Во дуелот кој ЕХФ го окарактеризира како меч на неделата, го победи ПИК Сегед во Битола со 25-24 (11-8). Во драматичната завршница на дуелот во преполната сала „Боро Чурлевски“ тимот на Рубен Гарабаја стигна до втората победа сезонава.

Еурофарм Пелистер со одлична поддршка на своите фанови во Битола имаше предност од 11-8 на полувреме, но унгарскиот ривал не дозволи поголема негатива, туку ја врати неизвесноста, па дури на моменти имаше и предност.

ПИК Сегед два пати поведе со +2, последен пат имаше предност на 19-20, потоа се играше гол за гол. Еурофарм Пелистер направи мини серија со два гола по ред во завршните моменти за конечна победа. Македонскиот тим избори пенал кој беше реализиран од Радивојевиќ, а иако гостите имаа напад во последните неколку секунди, не успеаја да го совладаат Митревски и започна битолското славје,.

Пешевски со 7 и Кузмановски со 4 голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер, додека Гарсијандиа со 6 погодоци ги предводеше гостите.

Ракомет
Лига на шампионите 2025/26
Б група – седмо коло

Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед 25-24 (11-8)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 3.500
Судии:

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хаидарирад, Пешевски 7, Кузмановски 4, Манасков 3, Тајник 3, Цехте 2, Хакбарт 2, Видомски 1, Хенигман 1, Радивојевиќ 1, Пав. Атанасијевиќ 1, Калид Валид, Абутовиќ, Пет. Атанасијевиќ, Хосни
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 8 минути

ПИК Сегед:
Тулин, Миклер, Гарсијандија 6, Фримел 5, Банхиди 4, Бодо 2, Калараш 2, Кукиќ 2, Мацковшек 2, Готфридсен 1, Фазекаш, Јелиниќ, Шоштариќ, Винце, Јаро, Силаџи
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 8 минути

Истите екипи играат во осмото коло, но сега на теренот на унгарскиот претставник во Сегедин.