Лазаров: АЕК е тежок ривал, но не е непобедлив

Ракометарите на Алкалоид в недела ги очекува првиот натпревар од двомечот во битката за трофејот во ЕХФ Европскиот куп, а пред овој натпревар за официјалниот сајт на ЕХФ зборуваше и тренерот на тимот Кире Лазаров.

„Покажавме константно добра форма низ целата сезона во Европскиот куп. Тимот играше со голем ентузијазам и се бореше жестоко на секој натпревар. Како млад клуб на големата сцена, имавме огромна мотивација да се претставиме во позитивно светло пред Европа. Секој натпревар, против секој противник, носеше своја специфична тежина. Како што се приближувавме до финалето, противниците беа сè поквалитетни. Од секој натпревар учевме лекции, што ни даде јасна слика каде можеме да го подигнеме нивото на нашата игра“ истакна Лазаров..

Пред дуелот со АЕК, Лазаров е свесен за квалитетот на ривалот, но и за шансата што стои пред неговите избраници.

„Ракометарите на АЕК се искусни и во секој момент сакаат да имаат целосна контрола на натпреварот. Не очекува сериозен предизвик. Ако фатиме добар ритам, се надевам дека ќе можеме да изненадиме како аутсајдери. Ќе биде тешко – но не и невозможно.