Лазаров го скрати списокот, на подготовките ќе се јават 21 ракометар

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот на ракометарите на кои ќе смета за време на подготовките за Европското првенство во 2026 година.
На списокот на Лазаров има 21 ракометар, а од нив 18 ќе патуваат за Хернинг, каде што Македонија ќе ги игра своите натпревари од групата.
Подготовките Македонија ги почнува на 22 декември, а шест дена подоцна во Пореч против Хрватска ќе го играме првиот пријателски натпревар. Исто така Лазаров ќе тестира на и во Швајцарија на „Жолт Куп“ каде што ќе се сретнеме со Бајреин и Украина во период од 8 до 10 јануари.
Македонија на првенството ќе игра во групата Б, каде што се сместени уште Португалија, Романија и Данска.