Лазаров: Огромен успех за македонскиот ракомет, тоа ме прави горд

Екипата на Алкалоид се избори за место во полуфиналето од Европскиот куп каде што ќе игра против екипата на Рунар од Норвешка.
По денешната победа, Лазаров не го криеше задоволството.
-Среќен сум и задоволен, можеби се уште не ја чувствувам таа среќа, немаме ни време да се израдуваме за два дена ни започнува плеј-офот во првенството. Но, тоа е така во професионалниот спорт на највисоко ниво. Мислам дека ова е голем успех за самиот клуб, ракометарите и за македонскиот ракомет затоа што еден клуб составен од 95% македонски ракометари и најмногу млади ќе игра полуфинале во едно европско натпреварување. Навистина тоа ме прави горд, се надевам и луѓето во клубот,рече Лазаров.
На момците им честиташе за пожртвуваноста, борбата, играта и пласманот во полуфиналето.
-Во дадени моменти се чувствува дека ни фалат рутина и искуство да бидеме подобри. Како и да е ова огромен успех. Во полуфиналето против Рунар со оние информации што ги имам досега, не сум ги гледал, очекувам атомски ракомет. Се надевам во иднина ќе прикажуваме и подобри изданија, иако свесен сум дека нема да биде лесно затоа што во составот го немаме и нашиот можеби најдобар ракомет, Марко Митев, рече Лазаров.