Лазаров: Поразот е незаслужено висок
Ракометната репрезентација на Македонија забележа пораз од Португалија со резултат 29:23, во натпревар од третото коло во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
Селекторот на нашиот национален тим, во изјава за медиумите после натпреварот вели дека поразот со 6 гола разлика е незаслужено висок, и ги кажа причините за недостатокот во играта.
„Португалија беше фаворит пред натпреварот, знаевме дека се работи за квалитетна репрезентација и мислам дека одигравме достојно против ваква квалитетна селекција. Мислам дека незаслужено загубивме со разлика од шест гола. За реваншот треба да поправиме доста работи во нашата игра ако сакаме да бидеме конкурентни во дуелот со јак тим како Португалија“, потенцира Лазаров.
Реваншот помеѓу Португалија и Македонија се игра на 12 март со почеток во 18:30 часот.