Лазаров: Треба да научиме да бидеме поконстантни во успесите

Лазаров: Треба да научиме да бидеме поконстантни во успесите

Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз во квалификациите за ЕП 2025, откако на домашен терен загуби од Словенија со 26:32. Овој резултат е особено разочарувачки со оглед на одличниот старт на натпреварот, во кој Македонија имаше шест гола предност (10:4) во првите дваесет минути.

Сепак, тимот на Кирил Лазаров не успеа да го задржи темпото, а Словенија, предводена од Влах и Јанц, направи целосен пресврт и на крајот стигна до убедлива победа.

По мечот, селекторот Лазаров го сподели своето мислење:

„Треба да преспиеме и да анализираме. Одигравме многу добро во првите 20 минути и не заслуживме да водиме само со еден гол на полувреме. Во голем дел од мечот Словенија беше немоќна, но разочарани сме што не го искористивме тоа. Со црвениот картон на Карасманакис изгубивме важна ротација, а отсуството на Никола Марковски поради повреда исто така ни значеше. Нашата цел е пласман на ЕП, но мораме да научиме да бидеме поконстантни во успесите.“

Следниот натпревар за Македонија ќе биде клучен во борбата за место на Европското првенство.