Лаказет интересен за два италијански прволигаши

Арсенал е спремен да го продаде напаѓачот Александар Лаказет во јануари, пренесуваат медиумите на Островот. Французинот влезе во последната година од догогорот, па на „Емирати“ сметаат дека ова е последна шанса да заработат на неговото заминување.
Арсенал нема намера да му понуди нов договор и е спремен да ги слушне понудите кои ќе пристигнат.
Меѓутоа, заинтересираните клубови сакаат да го донесат Лаказет без обештетување и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, па најверојатно Французинот ќе ја продолжи кариерата во Серија А.