Лаказет понуден на Милан

На францускиот напаѓач од редовите на Арсенал, Александар Лаказет, договорот му истекува на крајот од летото, па затоа во редовите на „топџиите“ од Лондон  веќе се чувствува мала доза на паника.

Арсенал започна со  испитување на фудбалскиот  пазар и  начинот на кој би можеле да заработат од продажба на играчот уште во зимскиот преоден рок, бидејќи Лаказет нема намера да ја продолжи соработката со истиот.

Како што објавуваат медиумите од Италија, Арсенал го понудил Лаказет на калчолигашот Милан, меѓутоа фактот што „росоњерите” во нападот веќе ги имаат ветераните Жиру,Ибрахимовиќ, па и помладиот Ребиќ, под знак прашалник е дали им е потребен уште еден играч на истата позиција. 

Александар Лаказет во екипата на Арсенал пристигна во 2017 година од редовите на францускиот клуб Лион, за сума од 53 милиони евра и годишна плата од 9 милиони евра. Французионот за лондонскиот премиерлигаш има постигнато 72 погодоци на 192 натпревари.

Останува да се види дали Милан ќе ја прифати понудата на Арсенал доколку истата се случи.