Лаказет руши рекорди во Лига 1

Александре Лаказет запиша уште една златна страница во кариерата, откако го постигна својот 157 гол во Лига 1 и влезе меѓу дваесетте најдобри стрелци на сите времиња во француската елита.

Напаѓачот на Олимпик Лион беше дел од победата од 2:1 над Лил за да ја престигне легендата Жан-Пјер Папен (156 гола) и да се израмни со Дезире Корани на 18-то место на вечната листа на стрелци.

Важната победа на Олимпик Лион дојде во клучен момент од сезоната – тимот се искачи на 4-та позиција во поредокот, на само два бода од второто место. Лион дојде до израмнување во 38. Минута, а Лаказет застана зад топката кога беше досуден пенал и со ладнокрвно изведен пенал не му остави шанса на голманот – гол што уште длабоко го впишува во историјата на францускиот фудбал.