Ламин Јамал доби нов договор со Барселона
Барселона објави дека официјално го продолжи договорот со 16-годишниот напаѓач Ламин Јамал.
Новиот договор со бисерот кој излезе од фудбалската школа „Ла Масиа“ е со важност до 2026 година што е максимална должина на соработка за играч на негови години според правилата на ФИФА.
За да се заштити од евентуален трансфер, Барселона постави и откупна клаузула во договорот на играчот во висина од неверојатни една милијарда евра.
Младиот Јамал дебитираше во првиот тим на Барселона на 15 години, 9 месеци и 16 дена во април 2023 година што го направи најмлад фудбалер на каталонскиот тим кој се појавил на терен на официјален натпревар, а воедно веднаш го привлече вниманието со неговиот настап.