Ламин Јамал многу порано „раситни“ 50 гола од Меси и Роналдо

Младата суперѕвезда на Барселона, Ламин Јамал ги поместува границите, засега има подобри бројки од двајцата најдобри фудбалери на сите времиња, Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Јамал синоќа ѝ донесе победа на Барселона на гостувањето кај Атлетик Билбао. За него тоа беше јубилеен 50. гол во сениорска конкуренција.

Тој до бројката од 50 голови дојде на 18 години и 237 дена.

Колку за споредба, Меси до 50 голови дојде на 20 години и 315 дена, а Роналдо на 21 година и 297 денови.

Јамал оваа сезона има 19 голови во сите натпреварувања со што го собори личниот рекорд од минатата сезона. Со оглед на тоа што до крајот на сезоната има уште многу натпревари, бројката сигурно ќе биде поголема.