Лампард го сакал Халанд во Челзи, но управата не го послушала
Френк Лампард открива дека им го препорачал Ерлинг Халанд на луѓето во клубот, но тие едноставно не биле заинтересирани.
Лампард ќе биде предводник на Челси уште 2-3 натпревари, а потоа од следната сезона доаѓа Маурисио Покетино, кој ќе се обиде да го оживее Челси и да го врати на славните патеки.
Но интересно е тоа што Лампард го откри, дека Челси доколку биле паметни, па и видовити, можеле да го имаат Халанд.
„Притискав за тоа да се случи, конкуренцијата за него беше голема и на почеток, бидејки беше страшен фудбалер, но во Челси не беа расположени за него. Сметам дека доколку го доведовме во Челси, тој лесно ќе се вклопеше во составот“, тврди Лампард.
Халанд беше посакуваниот трансфер на Лампард во Челси во 2019 година, кога Лампард беше постојан тренер на Челси, но очигледно не го послушале и сега ја гледаат грешката. Во тој период Челси се уште беше во сопствеништво на Роман Абрамович.