Лампард го сака Ешли Кол во стручниот штаб на Евертон
Франк Лампард кој од вчера го презеде кормилото на фудбалскиот состав Евертон има намера да го ангажира во стручниот штаб неговиот поранешен соиграч од Челзи, Ешли Кол, најавија медиумите во Англија.
Легендарниот лев бек моментално работи во Академијата на „сините“ и паралелно како тренер на младата селекција на Англија.
Кол доколку ја прифати понудата ќе им се придружи на: Џо Едвардс, Пол Клемент, Крис Џонс, Данкан Фергусон и тренерот на голманите Алан Кели.