Лампард и Виеира кандидати за менаџер на Кристал Палас

Патрик Виеира и Френк Лампард се главни кандидати да го заменат Рој Хоџсон на клупата на Кристал Палас, објави на Твитер италијанскиот новинар Николо Шира.
Раководството на Кристал Палас не планира да го продолжи договорот со главниот тренер Рој Хоџсон. Дејли Меил објави дека Лампард и предводникот на Рома, Пауло Фонсека се сметаат за главни кандидати за позицијата тренер на Кристал Палас. Прелиминарните преговори веќе се водат со двајцата тренери.
Рој Хоџсон на 9 август ќе наполни 74 години, а самиот тој постојано повторуваше дека размислува да стави крај на тренерската кариера. Неговиот договор со Палас завршува на крајот на оваа сезона. Хоџсон ја предводи екипата на Кристал Палас од 12 септември 2017 година. Оваа екипа има освоени 38 поени на 32 натпревари и е на 13. место на табелата во англиската Премиер лига.